• недела, 24 ноември 2024

НЦСЦ: Русија е најопасна закана по Велика Британија

НЦСЦ: Русија е најопасна закана по Велика Британија
Лондон, 26 март 2021 (МИА) - Британскиот центар за кибер безбедност (НЦСЦ) ја идентификуваше Русија како „најопасна закана“ по Велика Британија. - НЦСЦ откако е формирана тврди дека четири земји - Русија, Кина, Иран и Северна Кореја се непријателски расположени кон кибер просторот. Велика Британија продолжува да внимава на заканата што овие земји ја претставуваат по нејзината безбедност, изјави директорката на НЦСЦ, Линди Камерон. Таа додаде дека покрај кибер просторот, така и во другите безбедносни области Русија е реална закана по Велика Британија. - Во исто време мора да ги имаме предвид амбициите на Кина за технолошки напредок, посочи Камерон. ми/

Остани поврзан