• сабота, 27 јули 2024

НХЛ и здружението на играчи се согласија за планот за продолжување на сезоната

НХЛ и здружението на играчи се согласија за планот за продолжување на сезоната
Вашингтон, 7 јули 2020 (МИА) – Најсилната светска хокеарска лига -НХЛ и Националната асоцијација на играчи на лигата (НХЛПА) постигнаа прелиминарен договор за планот за продолжување на сезоната. Поставени се следните датуми: 13 јули - почеток на официјалниот камп за тренинг; 26 јули - клупски патувања во градовите домаќини; 1 август - почеток на квалификациската рунда. Прелиминарниот договор во моментов е одобрен од одборот. Покрај тоа, беше договорен меморандум за разбирање, кој додава дополнителни четири години на терминот на овој колективен договор и вклучува правила за трансфери и нов календар на критични датуми. Американската НХЛ лигата беше прекината во март поради пандемијата на коронавирус. зс/

Остани поврзан