• сабота, 16 ноември 2024

НФФ: Аплицирањето за програмата за мајчинство преку Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој е до 10 декември 2023

НФФ:  Аплицирањето за програмата за мајчинство преку Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој е до 10 декември 2023

Скопје, 27 ноември 2023 

Преку Агенцијата за финансиска поддршка за земјоделството и руралниот развој е сеуште отворен повикот за апликантки за Програмата за поддршка за социјална сигурност на жените во земјоделството за 2023 година.

Оваа програма е одлично решение што овозможува земјоделките да добиваат паричен надоместок за време на мајчинство за период од 9 месеци. Голем успех за земјоделките и земјоделците, кои навистина ја заслужуваат оваа поддршка. Преку оваа програма, земјоделките ќе имаат право на платен надоместок во случај на спреченост на вршењето на земјоделската дејност поради раѓање. Ова право за жените земјоделки, кои не се опфатени со прописите за платено породилно отсуство од областа на работните односи, се остварува за прв пат, иако проблемот постои повеќе од три децении.

Програмата обезбедува еднократна финансиска поддршка од 81.000 денари. Оваа помош е наменета за жените кои имаат статус на
осигуреник-индивидуален земјоделец согласно со Законот за пензиското и инвалидско осигурување и не можат да остварат платено породилно отсуство.

Аплицирањето за програмата за 2023 година е до 10.12.2024. Побрзајте со доставување на апликациите.

Финансиската поддршка од истоимената Програма се реализира врз основа на поднесено барање до Агенцијата, најдоцна до 10 декември 2023 година кон кое треба да се достави следната документација: извод од матична книга на родени за детето за кое се бара надоместок
за мајчинство или отпусно писмо од здравствена установа каде што е извршено породувањето; уверение за состојба на даноци, придонеси и други јавни приходи и давачки издадено од Управата за јавни приходи по датумот на раѓање на
детето; решение од Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија за утврден статус на осигуреник-индивидуален земјоделец; потврда издадена од Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија дека мајката не била вработена во редовен работен однос во период од 12 месеци пред раѓање на детето и фотокопија на трансакциска сметка на мајката.

Ова е пилот решение за остварување на правото на мајчинство на регистриранитѕе индивидуални земјоделки и е исторски чекор направен од
страна на Владата на РСМ на предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерството за труд и социјална политика и Националната федерација на фармери. Во 2022 година, Националната федерација на фармери преку соработката со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Министерството за труд и социјална политика,Министерството за здравство, Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството, Министерството за здравство, ПИОМ, УЈП, Фондот за здравство успеавме да најдеме соодветно решение преку Програмата за обезбедување на социјална сигурност за жените кои вршат земјоделска дејност. Програмата започна да се имплементира во текот на 2023 година преку Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Агенцијата за финансиска поддршка за земјоделство и рурален развој.

Резултатот беше постигнат преку креирање на пилот мерка од страна на координативна група составена од сите засегнати институции и групата продолжува да работи на изнаогање на системско трајно решение.

НФФ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан