• среда, 25 декември 2024

НФЛ се враќа во Европа

НФЛ се враќа во Европа

 

Њујорк, 10 мај 2023 (МИА) – Професионалната лига во американски фудбал (НФЛ) се враќа на европскиот континент со пет натпревари, од кои три ќе се играат во Велика Британија, а два во Германија.

НФЛ денеска ја објави листата со меѓународни натпревари за претстојната сезона во која три натпревари ќе се играат во Лондон, додека два во Франкфурт.

Европската серија ќе биде отворена на 1 октомври со дуелот меѓу Атланта и Џексонвил на „Вембли“, а ќе биде заокружена на 12 ноември со натпреварот меѓу Индијанаполис и Њу Ингланд на стадионот во Франкфурт.

Новата НФЛ сезона почнува на 7 септември. ег/
ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан