• четврток, 26 декември 2024

НУЦК „Трајко Прокопиев“ Куманово ќе реализира 30-тина проекти од годишната програма

НУЦК „Трајко Прокопиев“ Куманово ќе реализира 30-тина проекти од годишната програма
Куманово, 20 февруари 2023 (МИА) - Националната установа Центар за култура „Трајко Прокопиев“ доби средства од Министерството за култура за реализација на 30-тина проекти, соопштија денеска од установата.
 
Кумановци ќе можат да проследат изложби, концерти, театарски претстави. Одобрени се средства за организација на меѓународниот фестивал Денови на комедија, како и Меѓународниот фестивал на проза.
 
Програмските средства за 2023 година изнесуваат четири милиони и 100 илјади денари, што е намалување споредбено со лани кога биле одвоени пет милиони и 600 илјади денари.

- И годинава ќе се реализираат четири театарски претстави две на македонски и две на албански јазик и меѓународниот фестивал денови на комедија. Секако дека би сакале да бидеме уште позадоволни, но со оглед на кризата, сметам дека од она што аплициравме не ни се одбиени многу проекти, намалена е сумата на некој од проектите, но ќе најдеме начин ќе ги реализираме сите проекти кои сме ги добиле, изјави директорот на установата, Сашо Тодоровски.

Од  установата очекуваат надлежните да ги усвојат и средствата за реконструкција на кумановскиот театар. По целосно завршените две фази, треба да спроведе третата, која предвидува замена на кровната конструкција. ам/цр

Остани поврзан