• недела, 29 декември 2024

Нухиу: Почнува процес на измени на Законот за донации и спонзорства во јавните дејности

Нухиу: Почнува процес на измени на Законот за донации и спонзорства во јавните дејности
Скопје, 27 октомври 2022 (МИА) - Почнува процесот на измени на Законот за донации и спонзорства во јавните дејности, кои имаат за цел да ја поедностават административната постапка за даночни олеснувања, подобрување на дефинициите на клучните термини и терминологијата, најави заменик министерот за правда Агим Нухиу. Како што соопшти денеска Министерството за правда, при изработка на новото законско решение ќе бидат земени предвид искуствата на земјите во регионот и во Европската унија. -Како Министерство за правда сме отворени за соработка со граѓанските организации со цел да се направи едно добро законско решение кое ќе биде од корист на сите. До Министерството за правда преку јавен повик објавен на веб страницата, сите заинтересирани субјекти може да дадат коментари  и предлози за ЗДСЈД кои ќе бидат земени предвид од страна на работната група во насока на изработка на едно квалитетно, ефикасно и одржливо законско решение, рече заменик министерот Нухиу. дма/ац/

Остани поврзан