• вторник, 27 август 2024

Нурс: Тимот се подготвува за игра без Џејмс Харден

Нурс: Тимот се подготвува за игра без Џејмс Харден

Филаделфија, 23 октомври 2023 (МИА) - Тренерот на Филаделфија, Ник Нурс, изјави дека тимот е подготвен да ја започне сезоната без Џејмс Харден во составот.

- Мислам дека се подготвував за ова цела недела. Размислував многу за ова и го подготвив тимот за натпреварот без Џејмс Харден. Но, имам друг план во случај нешто да се промени. Неговото отсуство воопшто не влијаеше многу на нас во подготвителните средби. Само излеговме и игравме, а ќе продолжиме да ја играме нашата кошарка. Мислам дека ќе играме без него додека нешто не се промени, рече Нурс.

Филаделфија новата НБА сезона ќе ја отвори ноќта четврток кон петок против поранешниот првак Милвоки бакс. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан