• недела, 24 ноември 2024

Нуркиќ донираше 125 тони храна на загрозените во БиХ

Нуркиќ донираше 125 тони храна на загрозените во БиХ
Сараево, 18 мај 2020 (МИА) - Центарот на Портланд Трејлблејзерс, Јусуф Нуркиќ донираше дури 125 тони на луѓето на кои им е потребна помош во неговата татковина. Нуркиќ со тоа придонесе за четвртина од 500 тони храна што е цел на хуманитарната организација „Помош“ за време на пандемијата од коронавирус. - Јусуф помогна во разни хуманитарни активности во последните години и секогаш инсистираше на анонимност, се вели во изјавата на организацијата. Додаваат и дека се надеваат дека по оваа помош кошаркарот ќе добие поголема поддршка од пошироката јавност.

Тагови

Остани поврзан