• четврток, 26 декември 2024

Нуредини: Ќе се финансираат инфраструктурни проекти во Гази Баба, Арачиново и Богданци

Нуредини: Ќе се финансираат инфраструктурни проекти во Гази Баба, Арачиново и Богданци
Скопје, 23 август 2022 (МИА) - Владата на денешната седница, по предлог на министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, ги усвои Информацијата за повеќегодишната јавна набавка за финансирање на активностите за изградба на фекална канализација во населеното место Страчинце, Општина Гази Баба, Информацијата за финансирање на активностите на Проектот – Регулација на дел од Ободен канал во населено место Арачиново, Општина Арачиново, како и Информацијата за финансирање на активности за реконструкција на системот за водоснабдување Богданци. Овие проекти се дел од инвестициската програма на Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), во делот за финансирање проекти за водоснабдување и изградба на примарна и секундарна канализација и се во согласност со стратешките приоритети на МЖСПП за развивање современа и функционална водоводна инфраструктура, заштита на животната средина и подигање на степенот на социјален развој и квалитет на живот во сите општини во нашата држава. Според МЖСПП, по спроведување на сите претходни подготвителни постапки, во најскоро време ќе следи тендерска постапка за избор на изведувач и започнување на изведбените работи за реализација на гореспоменатите проекти. мч/дма/

Остани поврзан