• недела, 24 ноември 2024

Нуредини: Централен систем на податоци за нивоата на езерата за навремени акции

Нуредини: Централен систем на податоци за нивоата на езерата за навремени акции
Скопје, 26 март 2021 (МИА) - Намалување на нивоата на водата се случува во сите езера од минатата есен, во Охрид, Дебар, Тиквеш..., затоа побарав од премиерот најголемите хидроцентрали да запрат со користење на водата за да видиме дали се тие причинителите, изјави министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, кој побарал и Управата за хидрометеоролошки работи  (УХМР) да добие повеќе средства за справување со проблемот. - Треба да ги знаеме нивоата на нашите води, на езерата, и важно е министетствата за животна средина и за земјоделство и УХМР да имаат централен систем за собирање на податоците за да може да се преземат акции пред да се случат вакви ситуации, изјави Нуредини на Штипскиот универзитет, каде што беше претставен проект за справување со аерозагадувањето. За проблемот со пресушување на Дебарското Езеро, рече Нуредини, веднаш го контактирал државниот инспекторат и се подготвува извештај за да се преземат соодветни мерки, а за проектот за Преспанското Езеро посочи дека е долгорочен и постои акциски план. - Краткорочните мерки се веќе почнати и тука е клучна трилатералната соработка помеѓу нашата земја и нашите соседи. Го повикавме комитетот да се состане. Има неколку аспекти за овој проблем кој се одолговлекува со децении. Намалувањето на нивото на езерото се случувало со декади и не може да се постигне веднаш издигнување, туку постепено, природно и во подолг период, рече Нуредини, кој им се заблагодари на повеќе од 20 експерти кои доброволно се ангажирале во проектот за Преспанското Езеро. хс/сп/

Остани поврзан