• четврток, 28 ноември 2024

Нуредини: Термоелектраните имаат А интегрирана дозвола, ќе има контроли дали се почитуваат стандардите

Нуредини: Термоелектраните имаат А интегрирана дозвола, ќе има контроли дали се почитуваат стандардите
Скопје, 21 септември 2022 (МИА) - Сите термоелектрани во нашата држава имаат А интегрирана дозвола. Секогаш бараме сите институции да ги почитуваат стандардите. Зедно со Министерството за економија ќе направиме контроли и ќе видиме дали се почитуваат стандардите, изјави денеска министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини во пресрет на зимската сезона во која, според најавите, поголем дел од енергетските капацитети во земјата ќе работат на јаглен и мазут.
Според Нуредини, во последните години се забележува намалување на аерозагадувањето во земјава.
- На добар пат сме. Никогаш не е лесно да се намали аерозагадувањето, но го менуваме начинот на греење во државните институции и ги поддржуваме граѓаните со субвенции, посочи Нуредини, одговарајќи на новинарски прашања во Тетово по официјалниот почеток на проектот „Подобрување на капацитетите за Натура 2000 и CITES“.
Нуредини очекува дека ќе има и поефикасни контроли со новиот закон со кој се отвара можноста Државниот инспекторат за животна средина да соработува со локалните инспектори. ас/бак/

Остани поврзан