• среда, 25 декември 2024

Нуредини: Интензивни разговори за предизвиците од глобалната енергетска криза и ориентираноста кон чисти енергии

Нуредини: Интензивни разговори за предизвиците од глобалната енергетска криза и ориентираноста кон чисти енергии
Скопје, 12 октомври 2022 (МИА) - Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини во рамки на престојот во Истанбул и учеството на Регионалната конферeнција за перспективите за чиста енергија оствари билатерални средби чиј фокус беше на предизвиците од глобалната енергетска криза, можностите за надминување и ориентираност кон чисти енергии. Како што соопшти Министерството, на средбата со Метју Балдвин заменик генерален директор од Генералниот директорат за енергија на ЕУ двете страни ги презентираа активностите што се преземаат за справување со енергетската криза, како и можностите за олеснување на финансискиот товар од високите сметки на струјата врз крајните корисници - стопанствениците и индивидуалните домаќинства, преку субвенции од страна на централниот буџет. Се разговараше и за можностите за помош од страна на ЕУ во обезбедување на гас од различни извори, особено за градот Скопје. При тоа, интерконекторот со Грција е оценет како мошне важен не само за нашата држава, туку и за целиот регион. Министерот Нуредни и заменикот генерален директор Балдвин се согласија дека постои зголемен интерес на инвеститори кон обновливи извори. Министерот Нуредини оствари средба со Алпарслан Бајрактар заменик министерот за енергетика и природни ресурси на Турција, на која посебен беше акцент ставен на можноста за поддршка на Турција како држава транзитор на гас за Европскиот континент во обезбедување на гас и за РСМ во случај на потреба. -Со Гжегож Зиелински директор на ЕБРД, раководител на енергетска Европа Нуредни разговараше за тековните проекти што се реализираат во државата со поддршка на Европската банка за обнова и развој како и за идни можни соработки. Конструктивни разговори за начините на управување со енергетската криза и надминувањето на предизвиците преку подобрена регионална соработка Нуредини водеше и со Џорџ Сергиу Никулеску, државен секретар во Министерство за енергетика на Романија, се наведува во соопштението од Министерство за животна средина и просторно планирање. дма/са/

Остани поврзан