• четврток, 26 декември 2024

Нуклеарната централа Чернобил отсечена од енергетската мрежа

Нуклеарната централа Чернобил отсечена од енергетската мрежа
Киев, 9 март 2022 (МИА) - Нуклеарната централа Чернобил, која е надвор од употреба по хаваријата во 1986 година, е целосно отсечена од енергетската мрежа и нејзините безбедносни системи не работат, објави денеска операторот „Укренерго“. Нуклеарната централа е „целосно исклучена од системот за диструбуција на електрична енергија“, се вели во соопштението објавено на веб страницата на „Укренерго“, нагласувајќи дека поради воените операции „нема можност за обновување на електричните линии“. Прекинот на струја, како што соопшти „Укренерго“ може да предизвика истекување на радиоактивни материи бидејќи не работи системот за ладење на истрошеното нуклеарно гориво. Властите во Украина не ги знаат нивоата на радијација во нуклеарната централа Чернобил, бидејќи немаат информации што се случува таму откако беше окупирана од руски војници, изјави денеска министерот за енергетика Херман Халушченко. Тој рече и дека Украина исто така нема контрола врз она што се случува во окупираната нуклеарна централа Запорожје, каде, како што вели, се стационирани 400 руски војници. аа/

Остани поврзан