• четврток, 26 декември 2024

НСПВ: Институциите ја исправија грешката, лицето Зоран Павловски е избришан од претседател на Синдикатот

НСПВ: Институциите ја исправија грешката, лицето Зоран Павловски е избришан од претседател на Синдикатот

Скопје, 13 февруари 2024 (МИА) – Претседателот на Независниот синдикат на професионални војници (НСПВ) Александар Насковски денеска на прес-конференција информираше дека лицето Зоран Павловски, кој го изманипулирал Министерството за одбрана и лажно се претставувал како претседател на Синдикатот е избришан од функцијата претседател во тековната состојба на НСПВ.

Насковски рече направениот криминал од страна на седумте вработени во Министерството за одбрана, заедно со Зоран Павловски бил препознаен од надлежните институции.

— Надлежните институции го забележаа фалсификатот и ја исправија направената грешка, со што лицето Зоран Павловски е избришан од претседател на Независниот синдикат на професионални војници во тековната состојба и вратен е вистинскиот претседател и овластено лице на Синдикат, Александар Насковски, изјави Насковски.

Тој упати апел до Министерството за одбрана да се одблокира сметката на Синдикатот и да се префрлат средствата кои два месеци се одбиваат на основ на чланарина.

– Зоран Павловски никогаш не бил член ниту претседател на Синдикатот, а и тоа се потврди со овој документ. Денес во Министерството за одбрана и до сите сектори ги доставивме овие докази каде што апелираме да постапуваат согласно Законот за работни односи и колективниот договор на Министерството за одбрана, веднаш да се одблокира сметката на Синдикатот и да се префрлат средствата кои два месеци се одбиваат на основ на чланарина. Дваиполмесечната сага заврши со овој документ и вистината излезе на виделина, рече Насковски.

Апел упати и до министерката за одбрана Славјанка Петровска, да покрене постапка против седумте лица и Зоран Павловски, бидејќи како што рече, го изманипулирале Министерството за одбрана и го нарушиле угледот на Армијата.

— Ги ставија сите во заблуда и го нарушија угледот на Армијата со ваквите криминални постапки. Лажно се претставуваа, а истите се припадници на Армијата. Ќе го известиме Јавното обвинителство за оваа промена и со тоа сметаме дека пола работа на јавниот обвинител е завршена и се надеваме дека лицата ќе бидат соодветно казнети за овој криминал согласно кривичниот законик на Република Македонија, рече Насковски. ра/нд/

Фото: МИА

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан