• четврток, 26 декември 2024

НСЗР бара подобри услови за работа на здравствените работници, најавени протести

НСЗР бара подобри услови за работа на здравствените работници, најавени протести

Скопје, 11 ноември 2023 (МИА) - Од Независниот синдикат на здравствените работници и административно - техничкиот персонал денеска повторно побараа подобри услови за работа на членството и најавија протести, на 17 и 24 ноември и на 2 декември. Бараат зголемување на платите за 30 отсто, на додатокот за инфекција од еден на четири отсто, нов колективен договор, бенефициран работен стаж и трансформација на договорите на определеното работно време со неопределено.

Боби Бојчевски, претседател на НСЗР претстави три предлози како да се надополнат буџетите во Министерството за здравство и Фондот за здравство.

- Оданочување од 40 отсто на високата плата на функционерите, бидејќи во овие услови се енормни високи. Потоа, здравствените установи затоа што не се профитабилни организации, да се ослободат од индустриска вода и струја, да плаќаме како обичниот граѓанин. Го поддржуваме министерот за здравство Фатмир Меџити, во тоа да се укинат двојните директори на Клинички центар и управните одбори,  рече Бојчевски. бд/лв/

Фото: НСЗР

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан