• четврток, 19 декември 2024

НСДП: Да се зајакне свеста за градење хуман пристап кон работникот

НСДП: Да се зајакне свеста за градење хуман пристап кон работникот
Скопје, 1 мај 2020 НСДП на сите граѓани на Република Северна Македонија им го честита 1 Мај- Меѓународниот ден на трудот, притоа изразувајќи желби за понатамошно зајакнување на свеста за потребата за градење на хуман пристап кон работникот, кон унапредување на неговите права и подобрување на социјалната положба. Остварувањето на овие цели станува уште понагласено во ситуација во која економските и социјалните темели на општеството се под удар на пандемијата од корона вирусот, во која повеќе од потребно е зачувување и зајакнување на механизмите на социјалната држава за испорачување на конкретен дорпинос за социјалната сигурноста во областа на работните односи и пазарот на труд. Овој турбулентен економски и социјален период треба да ни биде дополнителна мотивација за промовирање и заштита на интересите на работниците, со цел да се зачуваат и надоградат позитивните резултати остварени со владините политики, а кои значат подобрена социјална и економска сигурност за работникот. Покачувањето на минималната плата од 9.000 на 14.500 денари, на просечната нето палта на ниво од 27 206 денари, заживеаниот социјален дијалог, програмите за надоградба на вештините и квалификациите на работниците според потребите на пазарот на труд, отворањето на над 67.000 нови работни места, се само мал дел од резултатите кои директно помогнаа во зголемувањето на работничките интереси и права, притоа обезбедувајќи сигурност во областа на работните односи и пазарот на труд. Една од основните заложби на која НСДП останува во своето политичко делување во делот на унапредување на работните односи е вградувањето на моралните димензии во вреднувањето на трудот, препознаајќи и признавајќи ја неговата „капитална“ димензија втемелена во знаењето и вештините. Само преку надминување на конфликтот помеѓу трудот и капиталот ќе се зголеми продуктивноста и посветеноста на работното место од страна на работникот, ќе се унапреди користењето на средствата за работа и односот кон сопствениците на капиталот, односно ќе се надминат елементите на експлоатација и наемништво кои многу често знаат да ги оптеретуваат работните односи. Служба за односи со јавност на НСДП ___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан