• недела, 24 ноември 2024

Ноќеска и утре нестабилно со пороен дожд, грмежи и ветер

Ноќеска и утре нестабилно со пороен дожд, грмежи и ветер

Скопје, 1 јули 2023 (МИА) -  Ноќеска и утре времето ќе биде променливо и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, најавуваат од УХМР.

На одредени места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град.

Во понеделник ќе има преодно стабилизирање. Во вторник попладне претежно во западните делови, а во среда на повеќе места повторно ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за појава на локално невреме. сст/лв/

фото МИА архива

Остани поврзан