• недела, 24 ноември 2024

Ноќеска ветер, а утре сончево со мала локална облачност и температура до 35 степени

Ноќеска ветер, а утре сончево со мала локална облачност и температура до 35 степени
Скопје, 31 јули 2022 (МИА) - Времето денеска беше сончево и топло со мала локална облачност во северните делови. Од пладневните часови облачноста се прошири во останатите делови од земјата и особено во штипско и во делови од Пелагонија почна да засилува северен ветер. Попладнево повеќе облачност имаше во западните делови од земјата и таму понекаде имаше краткотраен пороен дожд. Доцна попладне ветерот засилува во Штип и повремено е со удари од 45 километри на час, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Облачноста доцна попладнево ќе се намалува, а ветерот ќе засилува вдолж Повардарието и во првиот дел од ноќта. Потоа ветерот ќе намали, но ќе остане по малку ветровито. Најтопло денеска беше во Гевгелија 35 степени, во Демир Капија 34, во Струмица 33, во Охрид и Битола 32, во Штип 31, во Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Виница и Претор 30 степени.. Времето утре ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува умерен, долж Повардарието повремено силен ветер (до 60 километри на час) од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 21, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени. УВ индексот ќе изнесува 8. Во Скопје времето ќе биде сончево со мала локална облачност и со умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 32 степен. Во наредниот период следува стабилно време. До вторник ќе дува умерен до силен северен ветер (до 60 километри на час) кој ќе биде најизразен вдолж Повардарието и во источните делови. Дневните температури од утре ќе бидат во постепен пораст. ев/лв/    

Остани поврзан