Нојер потврди: Наскоро ќе потпишам нов договор во Баерн
- Голманот на Баерн Минхен, Мануел Нојер најави дека наскоро ќе го продолжи договорот со фудбалскиот клуб од Минхен. За потсетување, во средината на декември, доверливиот германски новинар Флоријан Плетенберг најави разврска на оваа ситуација, која се чини дека е се поблиску.
Минхен, 12 јануари 2025 (МИА) - Голманот на Баерн Минхен, Мануел Нојер најави дека наскоро ќе го продолжи договорот со фудбалскиот клуб од Минхен. За потсетување, во средината на декември, доверливиот германски новинар Флоријан Плетенберг најави разврска на оваа ситуација, која се чини дека е се поблиску.
Нојер има договор со Баерн до 30-ти јуни оваа година.
-Точно е, наскоро ќе потпишам нов договор со Баерн, изјави Нојер на прашањето на новинарот на германската телевизија „Спорт 1“ дали ќе продолжи да брани за Баерн и следната сезона.
Германските медиуми пренесуваат дека Нојер ќе остане во клубот од Минхен до 30 јуни 2026 година. Сепак, не се сите задоволни од новиот договор, кој според многумина ја иновираше голманската позиција во 21 век.
Имено, навивачите веруваа дека е поважно да се обезбедат нови договори за играчи како Лерој Сане, отколку да се задржи голман во клубот кој со години не брани постојано поради честите повреди.
Факт е сепак дека малкумина играчи можат да се пофалат со 13-годишен мандат на „Алијанц Арена“, па сигурно е дека кога и да ја заврши кариерата, Нојер ќе остане запаметен како една од најголемите легенди на баварскиот клуб.
Нојер (38) во Баерн пристигна во 2011 година од Шалке, а за клубот од Минхен одигра 541 натпревар. дс
Фото: Архива