• вторник, 24 декември 2024

Нотингем Форест го донесе 18. засилување ова лето

Нотингем Форест го донесе 18. засилување ова лето
Нотингем, 29 август 2022 (МИА) - Англискиот фудбалски прволигаш Нотингем Форест објави денеска дека го довел на едногодишна позајмица во своите редови бразилскиот лев бек од Атлетико Мадрид, Ренан Лоди. Бразилскиот дефанзивец, кој го носеше дресот на мадридски Атлетико од 2019 година, е 18. засилување на новиот премиерлигаш во летниот преоден рок. Лоди за Атлетико одигра 118 натпревари и беше еден од клучните играчи во освојувањето на шпанската титула во сезоната 2020/21. Британските медиуми објавија дека Форест за услугите на Лоди ќе му плати обесштетување во износ од пет милиони евра, а договорот има клаузула според која англискиот клуб може да го откупи бразилскиот репрезентативец на крајот на сезоната за 30 милиони евра. ег/ми/

Остани поврзан