• четврток, 26 декември 2024

Нормализиран сообраќајот на патот Тетово - Гостивар

Нормализиран сообраќајот на патот Тетово - Гостивар

Скопје, 2 ноември 2024 (МИА) - Од 23.45 минути синоќа е нормализиран сообраќајот на патниот правец Тетово - Гостивар. 

Од АМСМ потсетуваат дека на регионалниот пат Зрновци – Пониква поточно на м.в.„Белска крстосница“, од 28.10.2024 г. отпочнат е јавен протест, кој ќе трае во наредните неколку дена. Сообраќајот се одвива по една коловозна лента кон Пониква и кон село Бели.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. цр/

Фото: МИА архива

Остани поврзан