Нормализиран сообраќајот на магистралниот пат А3 Битола – Прилеп
- Сообраќајот на магистралниот пат А3 (Битола – Прилеп) кој беше во прекин поради сообраќајна несреќа е нормализиран, соопшти Автомото сојузот на Македонија.

Скопје, 10 декември 2025 (МИА) - Сообраќајот на магистралниот пат А3 (Битола – Прилеп) кој беше во прекин поради сообраќајна несреќа е нормализиран, соопшти Автомото сојузот на Македонија.
Како што додаваат од АМСМ, сообраќајот е нормализиран од 15:10 часот. Претходно сообраќајот беше во прекин на овој магистрален пат и беше пренасочуван на регионалниот пат. сст/нд/