• сабота, 23 ноември 2024

Нормализирано е влегувањето преку преминот Евзони, тргната блокадата на грчките земјоделци

Нормализирано е влегувањето преку преминот Евзони, тргната блокадата на грчките земјоделци

Струмица, 21 февруари 2024 (МИА) - Од синоќа од 23 часот нормализирано е влегувањето во Грција преку преминот Евзони, кој од 18 часот беше блокиран од грчките земјоделци, а тамошните погранични служби пропуштаа патнички и товарни возила на секој половина час по десет минути.

Веста дека е нормализиран влезот кај јужниот сосед преку преминот Богородица-Евзони за МИА ја потврди началникот на Регионалниот центар за гранични работи Југ при МВР, Славчо Богев.

И на другите граничните премини со Грција, Дојран-Дојрани и Меџитлија-Ники, протокот на патници и стока се одвива нормално.

Инаку, преминот Ники за влез во Грција вчера беше блокиран од грчките земјоделци од 16 до 19 часот, кои, според информации оттаму, штрајкот и блокадите ги ставиле во мирување. рт/дма/

 

Фото: МИА архива

Остани поврзан