• четврток, 26 декември 2024

Нори го освои трофејот во Индијан Велс

Нори го освои трофејот во Индијан Велс
Индијан Велс, 18 октомври 2021 (МИА) – Британскиот тенисер Камерон Нори е победник на престижниот турнир во Индијан Велс (САД). За него ова е прв Мастерс трофеј. Нори ноќеска во финалето кое траеше нешто помалку од два часа, беше подобар од Грузиецот Николоз Басилашвили со 2:1, по сетови 3:6, 6:4 и 6:1. За Нори ова е втора титула во кариерата и 47-ма победа во сезоната 2021 по која тој од 26. оди на 15 . место на АТП ранг-листата. АТП Мастерс 1000 во Индијан Велс се играше за нагхраден фонд од 8,3 милиони долари. зс/

Остани поврзан