• среда, 18 декември 2024

Норис победи на квалификациите за спринтот за ГП на Катар 

Норис победи на квалификациите за спринтот за ГП на Катар 

Лусаил, 29 ноември 2024 (МИА) - Возачот на Мекларен, Ландо Норис ја освои пол позицијата за утрешната спринт трка за Големата награда на Катар, а Џорџ Расел од Мерцедес го освои местото до него во првиот ред. На третото место се најде Оскар Пјастри (Мекларен).

Норис ја извозе осветлената патека „Лусаил“ за 1 минута 21.012 секунди. Расел беше побавен за 0,063 секунди, а Австралиецот Пијастри - минатогодишен победник на спринтот во Катар - заостана 0,159 секунди.

Карлос Саинц од Ферари заврши четврти, а неговиот тимски колега Шарл Леклер петти. 

Четирикратниот шампион Макс Верстапен е шести со Ред Бул, а Луис Хамилтон од Мерцедес е седми.

Мекларен води со 24 поени разлика пред Ферари во битката кај конструкторите на две трки до крајот на шампионатот. Ако успеат да ги задржат овие позиции, Мекларен може да ја освои првата шампионска титула од 1998 година. дс

Фото: Архива

Остани поврзан