• среда, 25 декември 2024

Норис: Не очекувам многу од утрешната трка

Норис: Не очекувам многу од утрешната трка

Баку, 14 септември 2024 (МИА) - Ландо Норис ќе мора да ја започне утрешната трка за ГН на Азербејџан од 17-тото место на гридот, откако претходно денеска не успеа да излезе од првата фаза од квалификациите во Баку.

Британецот рано го заврши своето возење по грешка на пилотот на излезот од свиокот 16 во неговиот одлучувачки круг и помина низ спорната област со жолто знаме на свиокот 18. Со оглед на неговата стартна позиција, возачот на Мекларен рече дека не очекува многу од утрешната трка.

-Кругот беше доволно добар, но поради жолтото знаме морав да се повлечам. Претекнувањето е скоро невозможно овде, мислам. Ќе биде полошо отколку што мислат луѓето. Се надевам дека грешам, секако дека ќе имам доволно шанси, но не очекувам многу. Пред мене има многу болиди кои имаат мала надолна сила и ќе биде речиси невозможно да ги претекнам. Така да не очекувам многу од 17 место, прокоментира Норис по квалификациите. дс

Фото: Х/Формула 1

Остани поврзан