• сабота, 16 ноември 2024

Норис: Колку помалку размислувам за титулата, толку подобро

Норис: Колку помалку размислувам за титулата, толку подобро

Лондон, 8 октомври 2024 (МИА) - Возачот на Мекларен, Ландо Норис, призна дека не чувствува никаков дополнителен притисок поради фактот што за прв пат конкурира за шампионската титула во Формула 1.

- Не мислам дека морам да го направам ова затоа што се борам за шампионска титула. Воопшто не размислувам така, да бидам искрен. Наместо тоа, важно е да извршите малку поголем притисок врз себе за да донесете правилни одлуки понекогаш, бидејќи знаете дека одредени одлуки можат да направат поголема разлика. Колку помалку размислувам за тоа, толку подобро. На некој начин, се трудам да не размислувам за големата слика. Работам трка по трка и се фокусирам на она што треба да се направи утре, потоа сабота, па недела. Не сум загрижен за следниот викенд. Се разбира, сега сум подобар пилот од кога било. Постојано се подобрувам и доаѓам до точка каде што повеќе работа се посветува на психологијата, пристапот, а не на пилотирањето, изјави Норис.

Со 279 бодови Норис е втор во поредокот во Формула 1, зад лидерот Макс Верстапен со 331 бод. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан