• сабота, 23 ноември 2024

Норис е потенцијален светски шампион во Формула 1, смета директорот на Мекларен

Норис е потенцијален светски шампион во Формула 1, смета директорот на Мекларен

Зандворт, 23 август 2024 (МИА) - Британецот Ландо Норис е потенцијален шампион во Формула 1 и тимот на Мекларен може да биде обвинет за некои грешки на возачот, изјави директорот на тимот, Андреа Стела. Самиот Норис пред трката за ГН на Холандија изјави дека чувствува дека не настапува на ниво на шампион и дека прави многу грешки.

Дваесет и четири годишниот Британец е втор во поредокот кај возачите, но цели 78 поени зад возачот и актуелен светски шампион, Холандија, Макс Верстапен од Ред Бул. До крајот на сезоната има уште 10 трки.

-Мислам дека дефинитивно има потенцијал за светски шампион и настапува на тоа ниво. Ландо дефинитивно има материјал за шампион. Тој настапува на ниво што е забележано во минатото со некои од големите шампиони со кои сум работел, изјави Италијанецот, кој претходно работеше во Ферари со великаните Михаел Шумахер и Фернандо Алонсо.

Спореед Стела, ако тимот имал повисоки стандарди, Ландо ќе освоел повеќе бодови

- Како тим имаме уште многу работа, убеден е шефот.

Мекларен е втор во поредокот на тимовите со 42 бода зад лидерот Ред Бул.

-Среќни сме што сме на оваа позиција, Ландо не е на оваа позиција затоа што некој му помогна. Ландо е таму бидејќи настапи многу силно и тоа е нешто што мораме да го разбереме, заклучи Андреа Стела. дс

Фото: Архива

Остани поврзан