• среда, 25 декември 2024

Нордиските и балтичките земји ја поддржуваат улогата на НАТО во поддршката на Украина

Нордиските и балтичките земји ја поддржуваат улогата на НАТО во поддршката на Украина

Осло, 10 април 2024 (МИА) - Шведскиот министер за надворешни работи Тобијас Билстром изјави денеска дека осум нордиски и балтички земји поддржуваат поголема улога на НАТО во поддршката на Украина во војната со Русија.

„Ние поддржуваме поголема улога на НАТО во обезбедувањето безбедносна помош за Украина и во координацијата на обезбедувањето воена поддршка и опрема“, рече Билстром по состанокот на министрите за надворешни работи на Данска, Естонија, Финска, Исланд, Латвија, Литванија и Норвешка.

На средбата е договорено да се формира група експерти кои ќе ги помагаат напорите на Украина за влез во ЕУ.

„Ова дава можност да се олесни патот на Украина кон членство во европското семејство“, рече Билстром. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан