• вторник, 01 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Нордиските земји бараат ЕУ да преземе мерки против „дивиот запад“ во е-трговијата 

Нордиските земји бараат ЕУ да преземе мерки против „дивиот запад“ во е-трговијата 

Брисел, 28 март 2025 (МИА) - Данска, Норвешка и Шведска најавија иницијатива со која ќе бараат од Европската Унија да преземе мерки против платформите за е-трговија, како „Тему“, „Шејн“ и „Виш“, со цел да се стави крај на хаосот во овој онлајн сегмент. 

Најавувајќи ја иницијативата, данскиот министер за животна средина Магнус Хеунике изјави дека овие платформи претставуваат „див запад“ за потрошувачите во ЕУ. Тој нагласи дека заедничка контрола на трите земји покажала дека 71 отсто од испитаните производи што се нудат преку платформите за е-трговија „не се во согласност со законодавството на ЕУ“, бидејќи се со „високи нивоа на токсичност“. 

Според шведската министерка за клима и животна средина Ромина Пурмохтари, ова претставува проблем и ЕУ мора веднаш да се справи со него.  

Нејзиниот норвешки колега Андерс Бјеланд Ериксен, пак, истакна дека доколку „Тему“ беше компанија од земја од ЕУ или од Европскиот економски простор, ќе беше можно да и бидат воведени санкции, како на пример забрана за продажба, но бидејќи не е „понудата на алатки е многу ограничена“.  

- Треба да можеме да ги забраниме платформите кои ги прекршуваат правилата, рече Бјеланд Ериксен, додавајќи дека е „многу среќен“ поради оваа нордиска иницијатива што ќе овозможи преразгледување на европските регулативи. 

Европската комисија веќе презеде одредени мерки против платформите за е-трговија поради непочитување на регулативата на ЕУ, но според предлагачите на оваа иницијатива тие се премногу слаби и немаат конкретни санкции, како парични казни. 

- И други земји се добредојдени да се приклучат на иницијативата, порача Хеунике. сп/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан