Норвешкиот крал Харалд им се врати на должностите по престојот во болница
- Харалд Петти, 89-годишниот крал на Норвешка, им се врати на официјалните должности по престојот во болница на шпанскиот остров Тенерифе.
Осло, 12 март 2026 (МИА) – Харалд Петти, 89-годишниот крал на Норвешка, им се врати на официјалните должности по престојот во болница на шпанскиот остров Тенерифе.
По враќањето во Норвешка, монархот денеска, меѓу останатите ангажмани, прими неколку амбасадори на аудиенција.
Харалд се разболе од инфекција во февруари додека беше на одмор на Канарските Острови со кралицата Соња, потсетува ДПА.
Кралот во последните години постојано се соочуваше со здравствени проблеми и помина низ неколку операции. Сепак, тој ја исклучи можноста за абдикација. јт/
Фото: ЕПА