• вторник, 12 ноември 2024

Норвешка протерува 15 руски разузнавачи со дипломатски статус

Норвешка протерува 15 руски разузнавачи со дипломатски статус

Осло, 18 април 2023 (МИА)  - Норвешка протерува 15 вработени во руската амбасада во Осло, обвинувајќи ги дека се „разузнавачи кои дејствуваат под закрила на дипломатски позиции“.

Норвешкото Министерство за надворешни работи соопшти дека руските функционери мора што поскоро да ја напуштат земјата.

Британските меидуми наведуваат дека ваквата одлука претставува одговор на норвешката Влада на промената на безбедносната ситуација во Европа, што доведе до „зголемување на руските разузнавачки закани“.

„Ова е важен чекор во спротивставувањето и намалувањето на нивото на руските разузнавачки активности во Норвешка, а со тоа и во заштитата на нашите национални интереси“, се вели во соопштението на шефот на норвешката дипломатија, Аникен Хајтфелд.

Норвешка е членка на НАТО и дели граница со Русија на Арктикот. сд/

Остани поврзан