• сабота, 16 ноември 2024

Норвешка планира да дозволи абортус до 18-та недела од бременоста

Норвешка планира да дозволи абортус до 18-та недела од бременоста

Осло, 23 август 2024 (МИА) – Норвешката влада денеска соопшти дека сака да го измени законот за абортус, првпат по половина век, со што на жените ќе им биде дозволено да ја прекинат бременоста до 18-та недела.

Предложените измени се „во согласност со денешната пракса“.

- Речиси на ниту една жена не и одбиено барањето за абортус по 12-та недела, изјави норвешкиот министер за здравство Јан Кристијан Вестре.

Тој посочи дека правото на жените да одлучуваат за абортус е еден од основните принципи во земјата. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан