• среда, 18 декември 2024

Норвешка новинарка ја тужи ХФПА

Норвешка новинарка ја тужи ХФПА
Лос Анџелес, 4 август 2020 (МИА) - Репортерка од Норвешка ја тужи Асоцијацијата на странски новинари во Холивуд - ХФПА, којашто е одговорна за наградите Златен глобус. Новинарката тврди дека „здружението делува како картел“ и неправедно ги заштитува своите членови од конкуренција. Имено, Керсти Флаа поднесе тужба во Федералниот суд во Лос Анџелес, при што истакнува оти макар што пишува за Холивуд во повеќе норвешки медиуми, повеќекратно ѝ било откажувано членство во ХФПА. Репортерката исто така, тврди дека здружението „ја задушува" секоја потенцијална конкуренција за нив. „Квалификуваните кандидати за примање во ХФПА во пракса секогаш се отфрлаат, при што повеќето од 87-те членови не сакаат да ги споделат или разделат огромните економски добивки коишто им следуваат“, се вели во обвинението. Според Флаа, членовите на здружението имаат и огромни привилегии, во смисла - ексклузивни интервјуа со продуценти, режисери, глумци - пред своите колеги, кои го работат истото, но не членуваат таму. Тоа, особено за време на сезоната на наградите. Од ХФПА сѐ уште не ги коментираат овие наводи. си/

Остани поврзан