• среда, 27 ноември 2024

Норвешка ќе нарача 54 тенкови Леопард од Германија

Норвешка ќе нарача 54 тенкови Леопард од Германија

Осло, 3 февруари 2023 (МИА) - Норвешка ќе нарача 54 нови тенкови Леопард 2 од германско производство за својата војска од групата Краус-Мафеи Вегман, со опција за купување дополнителни 18 тенкови подоцна, соопшти денеска норвешката влада.

- Ние се осигуруваме да ги имаме истите тенкови како нашите нордиски соседи и многу клучни сојузници во НАТО, рече премиерот Јонас Гар Стоере на прес-конференција. - Ова дополнително ги зајакнува нашите односи со Германија, додаде тој.

Нордиската членка на НАТО, која дели 196 километри арктичка граница со Русија, планираше да избере или тенкови Леопард 2 А7 од германско производство или ривалскиот К2 Црн Пантер од корејско производство, произведен од Хјундаи Ротем.

Норвешка првично планираше да набави 72 тенкови, но во последните месеци се зборуваше за намалена набавка, откако шефот на одбраната на земјата препорача да се трошат повеќе за хеликоптери, беспилотни летала и проектили со долг дострел. ssm/

Остани поврзан