• петок, 27 декември 2024

Маж во Нов Зеланд со секира нападна гости во ресторани, четири лица повредени

Маж во Нов Зеланд со секира нападна гости во ресторани, четири лица повредени

Окленд, 20 јуни 2023 (МИА) - Четири лица се повредени, од кои едно потешко, кога маж со секира нападнал гости во три кинески ресторани во предградието на Окленд, Нов Зеланд.

Осомничениот денеска кратко се појави во судот.

Полицијата на лице место го приведе осомничениот, 24-годишен кинески државјанин и поднесе кривична пријава за ранување со намера да нанесе тешка телесна повреда.

Полицијата соопшти дека тој го започнал нападот синоќа околу 21 часот во северното предградие Оукленд, Олбани.

Еден од гостите на ресторанот изјави дека бил на вечера со пријател кога влетал човек со секира и почнал да го напаѓа својот пријател, кој бил тешко повреден, а потоа го спречил да се обиде да го нападне. 

На снимката од надзорната камера се гледа како луѓето бегаат од еден од рестораните и како едно лице истрчува од шанкот држејќи стол како штит, додека друго лице со секира во рака го брка. мс/рп/

фото: МИА архива

Остани поврзан