• среда, 25 декември 2024

Ноер ќе пропушти три до шест недели поради операција

Ноер ќе пропушти три до шест недели поради операција
Минхен, 7 февруари 2022 (МИА) – Голманот на Баерн Минхен, поради операција ќе биде надвор од фудбалските терени месец до месец и половина, објави новинарот Флоријан Плетенберг на Твитер. Местото на Ноер во баварскиот тим ќе го заземе резервниот голман Свен Улрајх. Според Плетенберг, преговорите за продолжување на договорот на 35-годишниот Ноер ќе продолжат. Договорот на играчот со клубот од Минхен е со важност до 30 јуни 2023 година. Ноер вчера беше опериран на десното колено. Голманот оваа сезона забележа 28 настапи за Баерн и прими 28 гола. зс/

Остани поврзан