• вторник, 18 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Нов тим влегува во Формула 1

Нов тим влегува во Формула 1

Силверстоун, 7 март 2025 (МИА) - Американскиот тим Кадилак ќе се натпреварува на трките во Формула 1 од 2026 година, објави во петокот Меѓународната автомобилистичка федерација (ФИА).

Кадилак со тоа ќе стане 11-тиот тим што ќе се натпреварува во Формула 1 шампионатот.

-Како што рековме во ноември, посветеноста на Џенерал Моторс да го донесе тимот на Кадилак во Формула 1 беше важен и позитивен показател за еволуцијата на нашиот спорт. Со нетрпение очекувам да дочекам нов тим од 2026 година, изјави Стефано Доменикали, претседател и извршен директор на Формула 1.

Американскиот тим ќе користи мотор на Ферари во првите две сезони, додека не произведе сопствена погонска единица.

Овогодинешната сезона во Формула 1 ќе започне на 16 март со Големата награда на Австралија, а во неа ќе се натпреваруваат 10 екипи. дс

Фото: Архива

Остани поврзан