• недела, 24 ноември 2024

Нов спортски терен во училиштето „Јоаким Крчовски“ во Крива Паланка

Нов спортски терен во училиштето „Јоаким Крчовски“ во Крива Паланка

Крива Паланка, 9 ноември 2022 (МИА) – Основното општинско училиште „Јоаким Крчовски“ од Крива Паланка доби нов спортски терен со најсовремени стандарди за спортување на учениците.

На увид во официјално пуштениот во употреба терен денеска беше градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски.

-Инвестираме во младите. Вложени се над 5.3 милиони денари за современ и модерен, нов урбан лик на спортскиот терен зад училишната зграда, од кои над 3.7 милиони денари со ДДВ се од сопствен буџет на училиштето за подлогата, а дополнително вложени се 1.6 милиони денари за оградата, од кои 474.000 се од УСАИД и 1.2 милиони денари од сопствен буџет на ООУ „Ј.Крчовски“. Честитки за успешното и домаќинско работење на директорот Дане Петровски, кој е вистински пример како се менаџира една институција за добробит на сиет ученици и вработени. Во неговиот мандат училиштето доби комплетно нов лик, екстериер и ентериер, рече Митовски.

Од денеска училиштето е збогатено со нов, модерен спортски терен уреден на задната страна од училишниот двор.

-Поставена е нова тартан подлога, нова атлетска патека, сектор за скок во далечина, опремени реквизити за настава и реализација на часови по мал фудбал, ракомет, тенис, одбојка, атлетика. Поставена и изградена е нова ограда за безбедност и заштита за која поголемито дел средства се издвоени од сопствен буџет, а дел е доанција од УСАИД, информира директорот на ООУ „Јоаким Крчовски“, Дане Петровски.

Како што посочи Петровски, денеска ќе бидат поставени и дополнителни спортски реквизити и опрема.

-Изминатиот период е инвестирано многу во опремени кабинети, нов кабинет по природни науки, во училниците се заменети подовите, столаријата, поставени се смарт табли во уличниците, набавени се наставни,нагледни-дидактички средства, обновена е фасадата, уредени се дворот со бекатон-плочи и поставена е тартан подлога на двата спортски терени. Реновирање е извршено и на тоалетите и холот, додаде Петровски.

Според одговорните, учениците, младите, образованието, квалитетна настава по спорт за здрави генерации се во нивнито фокус.

ООУ „Ј.Крчовски“ е училиште со најголем број ученици во градот, настава во централното и останатите подрачни училишта посетуваат вкупно 830 ученици од прво до деветто одделение.ид/бт/

Остани поврзан