• четврток, 26 декември 2024

Нов спортски објект во Општина Новаци

Нов спортски објект во Општина Новаци
Новаци, 2 ноември 2022 (МИА) - Заменик амбасадорот на Кралството Холандија Роберт Декер заедно со градоначалникот на Општина Новаци Стевче Стевановски, претставници од Пролокал, општинската администрација и младите, учесници во проектот „Зајакнување на капацитетите на луѓето од Пелагонија“ ја посетија локацијата каде е изградена теретаната на отворено во рамки на спортската сала во Новаци. Новиот спортски проект е избор на младите од Новаци кои низ јавно произнесување одлучија да биде изградена спортска теретана, посочи градоначалникот Стевановски, додека пак заменик амбасадорот на Кралството Холандија Роберт Декер најави поддршка за нови проекти. Во рамките на проектот  беа одржани 12 работилници за 12-те принципи на добро владеење, во кои активно беа вклучени 50 млади луѓе од рурална Пелагонија, три мотивациски дебати, тренинг со експерти од Хаг од Академијата за Локално Владеење за што младите се здобија со сертификат и беше изработена дигитална алатка - онлајн курс на официјалната веб страна на Про Локал. -Преку овие одржани работилници и многубројните други активности во рамките на имплеменатцијата на проектот,  младите ги зајакнаа своите капацитети за вклучување во носењето на одлуки на локалната самоуправа во нивните локални заедници. Проектот заради позитивните промени врз младите од рурална Пелагонија ќе продолжи да се реализира и во наредните две години, во кој ќе бидат вклучени и општините Битола и Прилеп со руралните населени места, истакна Емилиа Ѓероска, претседател на Пролокал. Проектот „Зајакнување на луѓето од Пелагонија“ е финансиран од Амбасадата на Кралството на Холандија, преку МАТРА Програмата, а во имплеметацијата на истиот, освен Про Локал, вклучени се уште 9 други граѓански организации и  општините Новаци,Ресен, Могила, Демир Хисар, Долнени, Крушево и Кривогаштани. мт/сст/

Остани поврзан