• четврток, 26 декември 2024

Нов систем на кислород и реверзна осмоза во Нефрологија-Струга

Нов систем на кислород и реверзна осмоза во Нефрологија-Струга

Струга, 18 април 2024 (МИА) – Специјализираната болница ЈЗУ Нефрологија Струга доби нов систем на кислород и реверзна осмоза, инвестиција од 3.800.000 денари, соопшти Центарот за развој на Југозападен плански регион.

Според информацијата, инвестирано е во централен систем за дистрибуција на кислород во три сали за хемодијализа и во три соби наменети за интензивна нега, како и во подобрување на условите за хемодијализа преку набавка на опрема реверзна осмоза.

- Со тоа се подобруваат услугите преку обезбедување на безбеден систем за снабдување со кислород, со цел подобрување на квалитетот на здравствените услуги на центарот за болните од хронична и акутна ренална инсуфициенција, посочуваат од Центарот за развој на Југозападен плански регион.

Проектот се финансира преку Министерство за локална самоуправа и Швајцарската агенција за развој и соработка. сс/ир

Фото: Центарот за развој на Југозападен плански регион

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан