• недела, 28 јули 2024

Нов семафорски столб на крстосница во Автокоманда

Нов семафорски столб на крстосница во Автокоманда
Скопје, 11 септември 2022 (МИА) - Екипи на ЈП „Улици и патишта“ Скопје, по налог на Град Скопје, денеска го монтираат новиот семафорски столб на крстосницата на булеварот „Александар Македонски“ со улицата „16. Македонска бригада“ во Автокоманда, кој беше уништен од сообраќајна несреќа што таму се случи изминативе денови.
При санацијата се извршени градежни работи, направени се нови темели, а денеска се монтира нов портален семафорски столб за нормално функционирање на семафорите и враќање на безбедноста во сообраќајот во овој дел од градот.-Екипите одговорни за одржување на светлосната сигнализација продолжуваат со тековните активности, се координираат со Центарот за контрола и управување на сообраќајот и со редовната контрола и обиколка на семафоризораните крстосници во градот и интервенираат на санирање на дефектите на семафорите во градот, информира ЈП „Улици и патишта“ - Скопје. мд/хс/

Остани поврзан