Нов ракетен напад врз американската амбасада во Багдад
- Неколку ракети вечерва се истрелани врз американската амбасада во ирачкиот главен град Багдад, соопштија безбедносни извори.
Багдад, 17 ноември 2020 (МИА) - Неколку ракети вечерва се истрелани врз американската амбасада во ирачкиот главен град Багдад, соопштија безбедносни извори.
Ова е прв ваков напад откако проиранските фракции минатиот месец се согласија да престанат со бомбардирање на дипломатското претставништво на САД.
Биле слушнати неколку силни експлозии, проследени со звуци на брзи истрели и црвени факли кои го осветлуваат небото, што укажува на тоа дека бил употребен системот за противракетна одбрана „C-RAM“ на амбасадата. гт/