• четврток, 26 декември 2024

Нов предизвик на ФИТР: „Паметен школски менаџмент: Интегрирган пристап кон одржливоста”

Нов предизвик на ФИТР: „Паметен школски менаџмент: Интегрирган пристап кон одржливоста”

Скопје, 14 септември 2023 ( МИА) -  Фондот за иновации и технолошки развој денеска објави нов предизвик „Паметен школски менаџмент: Интегрирган пристап кон одржливоста” преку кој се бараат иновативни решенија за имплементирање на смарт системи за контролирање на училишното осветлување на средните училишта и студентски домови во четири општини од Североисточниот Плански Регион: Куманово, Крива Паланка, Кратово и Липково. Овој предизвик Фондот за иновации и технолошки развој го реализира во партнерство со Министерството за локална самоуправа (МЛС) и соработка со Швајцарската амбасада во Република Северна Македонија за поддршка на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен развој – Фаза 2”.

-Со имплементирање на паметен систем од понудените решенија се очекува комплетен преглед на светлата и потрошувачката на енергија преку автоматизација на целиот процес, намалување на потрошувачката енергија, подобрување на ефикасноста во работењето и создавање услови преку намалување на CO2 и развој на паметен школски менаџмент. Училишта во кои треба да се спроведе и имплементира паметното дигитално решение во Североисточниот плански регион се: „Гоце Делчев“–Куманово; „Перо Наков“–Куманово; „Наце Буѓони“–Куманово; „Киро Бурназ“–Куманово; „Ѓорче Петров“–Крива Паланка; „Митко Пенџуклиски“–Кратово; „Исмет Јашари“–Липково и Ученички дом „Проф. Мијалкович“–Куманово, Ученичкиот дом „Митко Пенџуклиски“–Кратово, соопштуваат од ФИТР. 

На овој предизвик се очекуваат предлог проекти кои вклучуваат развој на иновативни производи и/ или процеси кои придонесуваат кон: намалување на потрошувачката на енергија, контрола и оптимизација на потрошувачка кај уреди кои користат електрична енергија, греење и климатизација, системи за рано предупредување и превенција од опасност и хаварија, смарт систем за контрола на енергетската потрошувачка во училиштата со автоматско мониторирање и контрола на сите светла во училиштата и системот да може самостојно да ги вклучи / исклучи светлата. Од страна на натпреварувачот на предлог – проектот се бара да го одржува системот за контрола на енергетската потрошувачка најмалку 12 месеци. Вкупниот буџет за овој предизвик изнесува 21.525.000 денари, од кои Фондот обезбедува 12.300.000 денари, а Министерството за локална самоуправа обезбедува 9.225.000 денари. За победничкиот предлог – проект, Фондот заедно со МЛС обезбедуваат финансирање од 100% од вкупниот буџет за проектот.

На предизвикот можат да аплицираат сите оние кои ги исполнуваат критериумите за аплицирање, односно: да е трговско друштво основано во согласност со Законот за трговски друштва и регистрирано во Централен регистар, годишните приходи да не надминуваат 10 милиони евра во денарска противредност, просечниот број на вработени да не надминува 250 вработени, да не е поврзан со друго претпријатие и/или ПЗУ чии годишни приходи надминуваат 10 милиони евра и итн.

Активностите на предлог проектот треба да вклучуваат: модул за автоматско управување на потрошувачката на енергија, модул за рачно препрограмирање на системот и модул за контрола и пристап на корисници. Трошоци кои се прифатливи за финансирање се: бруто плати со вклучени додатоци на плата во согласност со Законот за работни односи, набавка и/или изнајмување на опрема и ппотрошни материјали за истражување и развој, услуги од надворешни експерти, советници, консултатни, поддоговори и други опертативни трошоци.

Сите пристигнати предлог – проекти се оценуваат од страна на Комисијата за оценување и избор, која се состои од пет члена: двајца члена кои се надворешни експерти од областа на предизвикот, двајца члена кои што се претставници на партнерската организација и еден претставник од Фондот. Комисијата за оценување и избор ќе ги оценува проектите врз основа на дефинирани критериуми: степен на иновативност, капацитет на проектниот тим, квалитет на проектот, потенцијал за имплементација и одржливост на решението и влијание.

Рокот за аплицирање на јавниот повик е до 5 Октомври 2023 година, до 14:00 часот. Дополнителни информации во врска со предизвикот можат да се добијат на веб страната на Фондот: https://fitr.mk или пак на е-маил адресата: shkolskimenadjment@fitr.mk љм/лв/

Фото: ФИТР

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан