• четврток, 26 декември 2024

Нов повик на АЕТМ за зајакнување на дигиталните вештини и отворање е-продавници: „Дигитално подготвени за е-трговија“

Нов повик на АЕТМ за зајакнување на дигиталните вештини и отворање е-продавници: „Дигитално подготвени за е-трговија“

Скопје, 18 октомври 2023 (МИА) - Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (AETM) во рамки на проектот „Дигитално подготвени за Е-Трговија” објавува Јавен повик за учество на заинтересирани компании во програмата за поддршка на микро, мали и средни претпријатија и регистрирани индувидуални производители кои доаѓаат од следниве три сектори: агро производство (производи од свежи или процесирани овошја и зеленчук), лесно производство (облека и текстил, како и преработка на дрво и производство на мебел) и влезен туризам за  екотуризам, рурален туризам и авантуристички туризам.

Проектот „Дигитално подготвени за е-трговија”, поддржан од Проектот на УСАИД за економски развој, управување и раст на претпријатијата (EDGE), а спроведуван во соработка со Албанската асоцијација за е-трговија има цел да ги унапреди дигиталните вештини на вкупно 60 избрани учесници од двете земји кои доаѓаат од одбраните три сектори, и да им помогне да отворат дополнителен канал за продажба, преку поврзување со локалните веб платформи за е-трговија.

Како што информира АЕТМ, избраните кандидати ќе имаат можност да присуствуваат на три едукативни тренинг сесии со физичко присуство, кои ќе бидат адаптирани според нивните специфични потреби, а по завршување на сесиите учесниците ќе имаат можност да бидат поврзани со локалните постоечки веб платформи за е-трговија, и да започнат со онлајн продажба на нивните производи и услуги преку отварање на е-продавница.

Аплицирањето е бесплатно и се одвива онлајн преку веб-страницата на АЕТМ на следниов линк. Аплицирањето за учество во програмата ќе трае до вторник, 24 октомври 2023, 23:59 часот. Учесниците ќе бидат избрани од страна на тричлена комисија, составена од експерти за е-трговија, која индивидуално ќе ги оценува апликациите.

-Оваа иницијатива им дава можност на избраните учесници да го зајакнат своето онлајн присуство и да ги унапредат своите вештини, знаења и компетенции потребни за раст во дигиталната ера. Преку овој проект ги потврдуваме своите интензивни заложби за раст на е-трговијата во Македонија и регионот, преку соработка со домашните и регионалните бизниси, помагајќи им да се стекнат со квалитетна едукација, воспоставување на онлајн присуство и размена на најдобри практики, се со цел зголемување на нивната проджаба и искористување на целосниот потенцијал за раст, наведува АЕТМ.

Детални информации за јавниот повик се достапни на https://ecommerce.mk/wp-content/uploads/2023/10/javen-povik-za-uchesniczi-digitally-fit-for-e-commerce.pdf. мч/дма/

фото: АЕТМ 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан