• недела, 28 јули 2024

Нов паркинг простор на улица „Илинденска“ во Македонска Каменица

Нов паркинг простор на улица „Илинденска“ во Македонска Каменица

Македонска Каменица, 4 октомври 2023 (МИА) -  Во напредна фаза е изградбата на нов паркинг простор на улица „Илинденска“ во Македонска Каменица. Како што информираат од Општината, во тек е изведба на подготвителните градежни активности за обезбедување на просторот. 

-Следува партерно и хортикултурно уредување на целиот простор и поставување на подлога со вкупна зафатнина од 800 м2, каде се обезбедуваат нови 32 паркинг места, информираа од Општината.

Ова е втор проект на Општина Македонска Каменица кој обезбедува нов паркинг простор за потребите на жителите од улицата „Илинденска“, информираа од Општина М.Каменица.

-Претходно, за потребите на жителите од овој дел на градот, соодветно беше уреден паркинг простор каде се обезбедија 14 паркинг места, додадоа од Општина М.Каменица.

Како што истакнуваат од Општината, активностите за уредување на нови јавни површини, според утврдените приоритети и динамика за изградба, ќе продолжат да се реализираат и во останатите урбани средини во Македонска Каменица. вс/љм/

Фото: М.Каменица

Остани поврзан