• четврток, 26 декември 2024

Нов напад со нож во Глазгов, еден убиен

Нов напад со нож во Глазгов, еден убиен
Глазгов, 28 јуни 2020 (МИА) - Шкотската полиција ги блокираше улиците на Глазгов, каде што денеска еден маж беше избоден со нож во нов напад. Претходно, во петокот во инцидент во Глазгов загинаа пет лица, јави Шкотската телевизија. Полицискиот инспектор Гарет Грифиц изјави дека станува збор за напад со цел и дека нема индиции за опасност за пошироката јавност. Во напад на хотел во Глазгов во петокот, четири лица загинаа откако беа прободени со нож, а напаѓачот беше убиен од страна на полицијата. паг/

Остани поврзан