Нов модерен био пазар се гради во Кавадарци
- Ваквиот пазар ќе биде прв од ваков вид во Тиквешкиот регион, инвестираме во здравјето, земјоделието и локалниот развој во Кавадарци, соопштија од кабинетот на градоначалникот.
Кавадарци, 21 јануари 2026 (МИА) - Нов модерен био пазар се гради во Кавадарци, информираа денеска од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев. Притоа истакнаа дека се работи за инвестиција во здравјето, земјоделието и локалниот развој.
- Ваквиот пазар ќе биде прв од ваков вид во Тиквешкиот регион, инвестираме во здравјето, земјоделието и локалниот развој во Кавадарци, соопштија од кабинетот на градоначалникот.
Оттаму подвлекоа дека овој проект има за цел да обезбеди современ, уреден и сертифициран простор каде локалните земјоделци, органски производители и мали семејни бизниси ќе можат директно да ги продаваат своите производи, без посредници - по фер цени, со зголемена доверба од потрошувачите.
- Со овој капитален проект инвестираме во три столба - здравјето на граѓаните, економската моќ на нашите производители и одржливата иднина на Кавадарци. Ова е простор каде локалното добива вистинско значење, информираа од градоначалничкиот кабинет.
Притоа се осврна на клучните карактеристики на био пазарот.
- Ќе има простори за продажба на органски јаткасти плодови, мед, преработки и домашни прозводи, сирење, кашкавал, урда, путери од јаткасти плодови и слично. Објектот ќе биде поделен на 15 деловни единици. Проектот е дел од визијата за Кавадарци како еколошки одговорна и економски динамична општина, која ги поттикнува локалните производители, го скратува синџирот на снабдување и ја зголемува свесноста за здравите животни навики. Пазарот ќе биде изграден во зона со комерцијална и деловна намена, соопштија од кабинетот на Јанчев. свд/
Фото: МИА Архива