• четврток, 26 декември 2024

Нов мебел во основното училиште „Кузман Јосифоски-Питу“ Кичево

Нов мебел во основното училиште „Кузман Јосифоски-Питу“ Кичево
Кичево,  3 февруари 2022 (МИА) - Основното училиште „Кузман Јосифоски-Питу“ Кичево, каде наставата ја следат над 650 ученика од прво до деветто одделение, второто полугодите го започна со нов училишен мебел кој е обезбеден од заштеда на средства од блок дотации. Со новиот мебел опремен е целосно првиот кат од училиштето, кабинетот и наставничката канцеларија. -Со заштеда на средства што ги добива училиштето на име блок дотации, нашето училиште го поднови мебелот во поголемиот дел од училишната зграда. Набавени се 80 клупи, 300 столчиња, 40 столици за наставничката канцеларија, 30 креденчиња за потребите на наставниците, еден плакар во канцеларијата на книговодителот и три плакари со полици, истакна директорката Илинка Ангелеска. Посочи дека со новиот мебел се подобруваат условите за следење на наставата во училиштето . -Со нови клупи и столчиња целосно го опремивме првиот кат на училиштето, а во блиска иднина планираме нов мебел да обезбедиме и за вториот кат и комплетно да го промениме мебелот во целата училишна зграда. Со новиот мебел се подобруваат и стандардите за следење на наставата, а и претходно набавените смарт табли ни го овозможуваат тоа, посочи Илинка Ангелеска.за/вј/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан