• четврток, 26 декември 2024

Нов лик во „Симпсонови“ кој ги прикажува маргинализираните групи

Нов лик во „Симпсонови“ кој ги прикажува маргинализираните групи
Лос Анџелес, 25 октомври 2021 (МИА) - Во посебната вчерашна епизода на „Симпсонови“, гледачите се запознаа со новиот лик - д-р Венди Сејџ. Таа е хипнотерапевт, но и преживеана од рак на дојка, која имала еднострана мастектомија и има видлива лузна од уредот што се користи за хемотерапија. Ликот го синхронизира Рене Риџли, глумица, писателка и, исто така - преживеана од рак на дојка, која е и сопруга на еден од креатиците од „Симпсонови“ - Мет Селман. - Сејџ е токму каква што е сега. Живеејќи отворено како жена со една града, таа испраќа порака за целосно прифаќање на поединците и маргинализираните групи, вели Риџли. Гледачите на Твитер и интернет-просторот го поздравија потегот по повод месецот за подигање на свеста за ракот на дојката.  си/јт/

Остани поврзан